Нигерија го шокираше Исланд, за надеж и за Меси и компанија… (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Нигерија ја направи Групата Д на Светското првенство во Русија и тоа како интересна пред последното трето коло откако славеше со 2-0 против Исланд.

Нигеријците сосема заслужено стигнаа до триумфот по што, по поразот од Хрватска на стартот, сега се вратија во игра и за осминафиналето на Мундијалот 2018.

Нигерија дојде до триумфот со головите на Муса во 49. и во 75. минута од средбата….

Исланд, пак, во 83. минута преку Сигурдсон не реализираше и удар од белата точка, со што го расипа впечатокот по она прво реми со Аргентина на стартот.

Сега пред последното коло во групата Хрватска е сигурен осминафиналист со 6 бода, Нигерија има три бода, а Исланд и Аргентина имаа по еден бод.

Се вчитува...