Нигерија најмлада репрезентација, Србите ќе бидат највисоки на СП 2018

Фудбалскиот обсерваториум „Си-Ај-И-Ес“ (Интернационален центар за спортски студии) заедно со ФИФА направија неколку анализи на сите репрезентации – учесници на Светското првенство 2018 година.

Меѓу 32-те национални селекции кои обезбедија учество на мундијалот во Русија, Нигерија се истакнува како најмлада репрезентација која ќе игра на СП, со просечна возраст на фудбалерите – репрезентативци од 24.9 години. Актуелниот светски првак Германија е на второто место со просек од 25.7 години, додека меѓу најмладите 10 репрезентации се најде и европскиот вицешампион Францција (6. место) со 26.4 години по возраст на фудбалер. Европскиот шампион Португалија е меѓу поискусните селекции со просечни 27.7 години, домаќинот Русија има исто така искусна селекција, со 28.1 просечна возраст на играчи. Како најискусна репрезентација е Панама, со просечна возраст на играчи со речиси 30 години (29.4).

godiniigraciSP

Нашиот северен сосед Србија ќе биде највисоката селекција на СП, просечната висина на репрезентативците во српскиот ссотав изнесува 185.6 центиметри, Русите се шестата највисока селекција со 184.3 центиметри. Во овие анализи, бранителот на светскиот трофеј Германија е осмата највисока селекција со просек од 183.8 центиметри, додека финалистите од минатогодишното Европско првенство, Португалија и Франција ги делат 19. и 20. место со 180.5 центиметри просечна висина по репрезентативец. Како репрезентација со најниски фудбалери ќе биде Саудиска Арабија со 176.2 центиметри.

visinaigra;iSP

Процентуално се измерени и сите репрезентативци кои ја претставуваат својата земја, а не играат во првенствата од истата нација. Сите репрезентативци на Хрватска, Шведска и Исланд се интернационалци, што значи дека во националните состави немаат ниту еден фудбалер од своите домашни првенства. Во моменталниот состав на домаќинот Русија само двајца фудбалери играат во странство (Роман Нојштадер во Фенербахче и Константин Раух во Келн), а единствените две селекции кои наоналниот тим го составија од фудбалери кои настапуваат во во домашните првенства се Англија и Саудиска Арабија.

igracivoligaSP

Се вчитува...