Нигеријците лути: Далиќ не смее така, Хрватска мора да биде чесна!

Нигерија со триумфот од 2-0 против Исланд комплетно ја закомплицира ситуацијата во Групата Д на Мундијалот 2018. Единствено е јасно дека Хрватска е сигурен осминафиналист, а Аргентина, Нигерија и Исланд ќе се борат за второто место.

Па, за последното коло, селекторот на Хрватска Златко Далиќ најави дека против Исланд ќе го ротира составот и ќе им даде одмор на дел од најдобрите фудбалери.

Тоа и тоа како ги вознемири Нигеријците кои побараа Хрватска да биде до крај чесна и професионална…

„Мислам дека тоа е катастрофален потег за спортот. Ова е голем турнир, не може да играте нечесно и да загрозите нечиј пласман понатаму. Мора на еден ваков турнир секоја екипа да биде до крај професионална и да игра со најдобрата своја екипа“ – коментира капитенот на Нигерија, Џон Оби Микел.

Нигерија во последното коло ќе мора да дојде најмалку до реми со Аргентина доколку сака продолжување на настапите на СП, но и да чека Исланд да не победи против Хрватска. Во случај на триумф против Аргентина, Нигеријците се сигурни патници во осминафиналето.

Се вчитува...