Нигез е се подалеку, Клоп има нова желба

Јирген Клоп ја продолжува потрагата за нов фудбалер за врска кој би го наследил Вајналдум во тимот на Ливерпул. Приоритет беше доведување на Саул Нигез од Атлетико Мадрид, но сега е се поизвесно дека Саул кариерата ќе ја продолжи во Барса (се преговара за размена со Гризман), по што Клоп вниманието го насочил кон Јури Тилеманс од редовите на Лестер.

Белгискиот репрезентативец беше стандарден во националниот тим на ЕВРО 2020, се уште ги нема стартувано подготовките со Лестер, но според белгиските медиуми Тилеманс веќе изразил желба да му биде дозволено да се пресели во Ливерпул. Тој гледа на преселбата на „Енфилд“ како на огромен чекор напред во кариерата, побарал од челниците на Лестер сериозно да влезат во преговори со „црвените“, во обид да се најде заеднички јазик за овој трансфер да се реализира.

Британските весници тврдат дека „лисиците“ ќе бараат огромни 65 милиони фунти за овој фудбалер, но и дека оваа сума не го исплашила Ливерпул во преговорите. За очекување е „црвените“ во понудата да го вклучат и Наби Кеита, играч кој би бил природна замена за Тилеманс во Лестер, воедно и фудбалер што Брендан Роџерс се обиде да го ангажира во изминатиот период.

Се вчитува...