Нијанг од Милан оди на позајмица во Ватфорд

Англискиот премиерлигаш Ватфорд успеа да ангажира квалитетно засилување од Серија А. Напаѓачот на Милан, Мбаје Нијанг, во следните шест месеци ќе го носи дресот на Ватфорд, по што овој клуб ќе има можност и да го откупи неговиот договор за сума од 13 милиони фунти.

Менаџерот на Ватфорд, Италијанецот Валтер Мацари, оди на веќе испробана варијанта, за ангажман на фудбалер од италијанскиот шампионат кој добро го познава од минатото. На таков начин Ватфорд го засилија и Роберто Переира, Хозе Холебас, Валон Бехрами, Мигел Бритос, кои претходно исто така беа членови на италијански калчолигаши.

Се вчитува...