„Ник, другар премногу е … Те молам покажи малку почитување“

Рускиот тенисер Карен Хачанов го советуваше Австралијанецот, Ник Кирјос да престане да ги критикува останатите тенисери. Кирјос остро реагираше по изјавата на Мац Виландер дека Енди Мареј мора да замине во пензија.

„Заќути, Мац, никој не го интересира што мислиш“, напиша Кирјос. 

На што веднаш следуваше добронамерна критика од страна на Карен Хачанов, кој не може веќе да го издржи однесувањето на контроверзниот Австралијанец.

„Ник, другар, сево ова е премногу. Те молам покажи малку почитување“, возврати Хачанов. 

Познато е дека откако се рестартираше сезоната Кирјос не настапи ниту на еден турнир бидејќи како што вели не се чувствува сигурно и затоа ќе остане во Австралија. Поради недостаток на работи кои го исполнуваат во животот, тој периодов се занимава со однесувањето на сите луѓе кои се поврзани со „белиот спорт“.

Се вчитува...