Ник Калатес пред камбек во Панатинаикос?

Ник Калатес по две години поминати во Барселона се наоѓа пред враќање на добро познатото место – Панатинаикос. Грчкиот кошаркар замина во Шпанија токму од „Оака“, но по неуспешните сезони во каталонскиот дрес кој во два пати „избега“ трофејот во Евролигата го очекува нова промена на средината.

Калатес кој поголемиот дел од својот живот го помина во САД професионалната кариера ја започна во Панатинаикос во 2009 година, а во првиот престој во Атина остана до 2012 пред заминувањето во Локомотив Кубан, а подоцна и НБА лигата каде ги бранеше боите на Мемфис до 2015 година.

По враќањето во Европа се наметна како еден од најдобрите бекови во најсилното кошаркарско првенство, а во претходната сезона забележа просек од 7.8 поени, 6.3 асистенции и 3.9 скока. За неговите услуги постои интерес и од Фенерхабче кој по доаѓањето на Димитрис Итудис се подготвува за нова ера.

Се вчитува...