Ник Нурс го продолжи договорот со Торонто Репторс

Ник Нурс го продолжи договорот со Торонто Репторс, пренесуваат американските медиуми. Нурс минатата сезона го водеше канадскиот тим до првата историска НБА титула. Годинава Репторс беа елиминирани во полуфиналето на Истокот од Бостон Селтикс, но од клубот се задоволни од работата на Нурс бидејќи на почетокот од сезоната остана без првата ѕвезда Кавај Ленард.

„Нашата доверба во Ник расте од ден во ден, а сето тоа произлегува од тоа што заедно поминавме многу. Минатата сезона беше како ниту една друга во нашата историја. Ник потврди дека е вистинскиот човек за оваа работа и затоа се радуваме на се што ќе направиме во иднина“, изјави генералниот менаџер на Торонто. 

Ник Нурс годинава исто така беше прогласен и за најдобар тренер во регуларниот дел од сезоната во НБА.

Се вчитува...