Ники Лауда поради грип мораше да добие нови бели дробови

Здравствената состојба на Ники Лауда во последните 48 часа беше значително влошена, па над Ф-1 легендата мораше да биде извршена трансплантација на белите дробови за да му се спаси животот. Лауда со семејството се наоѓал на одмор на Ибица, но откако фатил тежок грип состојбата драстично му се влошила, по што се вратил во Австрија и експресно бил примен во една од клиниките во Виена.

Деталните прегледи покажале дека белите дробови на 69-годишниот Лауда се пред целосен колапс, по што денеска врз него бил извршен и хируршки зафат.

„Поради сериозна болест на белите дробови, врз Ники Лауда денеска мораше да биде извршена трансплантација. Операцијата мина во најдобар ред, беше извршена од главниот хирург Валтер Клепетко“ – објави клиниката во Виена.

Се вчитува...