Никлас Суле се повреди на првиот тренинг по шестмесечна пауза

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Никлас Суле, се повреди на првиот тренинг откако се врати по шестмесечна пауза. Тој почувствува болки во коленото кое го оперираше поради скинати вкрстени лигаменти и повторно ќе паузира. Очигледно дека не е доволно подготвен за да се му се врати на тренажниот процес.

24-годишниот Суле претходно две седмици работеше индивидуално, а денеска првпат се појави во тренинг – базата на Баерн Минхен и работеше во група со Џером Боатенг, Томас Милер, Леон Дајаку и Фијет Арп. Сепак, набрзо се пожали на болки во левото колено и замина во соблекувалната, информираат германските медиуми.

Суле во октомври 2019 година го оперираше коленото во Инсбрук.

Се вчитува...