Нико Ковач нема да ја прифати ниту понудата на „милионерите“

Хрватскиот стратег Нико Ковач ја одби понудата на германскиот бундеслигаш Херта да го преземе кормилото на клубот каде настапуваше како фудбалер. На крајот Јирген Клинсман го замени Анте Човиќ на клупата на тимот од Берлин, а Ковач вели дека не е заинтересиран веднаш да се врати активно во Бундес-лигата

„Сигурно нема да бидам тренер на друг клуб во Бундес-лигата до крајот на сезоната“, изјави Нико Ковач.

Хрватот се споменува и меѓу најсериозните кандидати за кормилото на Борусија Дортмунд, како наследник на Лусиен Фавр на кого му се заканува отказ.

 

Се вчитува...