Челси ја продолжи серијата добри игри под водство на новиот тренер Росениор, откако по голема битка успеа да слави над Вест Хем со 3-2. Бодовите се уште послатки ако се знае дека „сините“ одиграа катастрофално прво полувреме и на одмор имаа негатива од 0-2, но сепак најдоа сили и со неверојатен пресврт стигнаа до победата.
Боувен одигра одличен меч, капитенот на Вест Хем постигна убав гол за 0-1, а потоа по една негова акција гостите поведоа со 0-2 преку Самервил.
Росениор беше исфрустриран од катастрофалното издание на својот тим, направи неколку замени и тоа вроди со плод. Токму нововлезените Жоао Педро и Кукурелја ги постигнаа головите за 1-2 и 2-2, а тотална еуфорија во судиското продолжение донесе Енцо Фернандез, постигнувајќи го победниичкиот погодок.
За одбележување е и масовната тепачка во финишот поради која директен црвен картон заработи гостинскиот дефанзивец Мавропанос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

