Никогаш повеќе пенали во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Повеќе од интересна ситуација на вечерашните натпревари во Лигата на шампионите. Дури пет пенали беа досудени во првото полувреме на шест натпревари.

Започна со Лионел Меси и пенал во корист на Барселона, а потоа се редеа пенали и за ПСЖ, два за Челси и за Краснодар.

Само еден од нив беше промашен. Анхел Ди Марија го промаши својот на дуелот против Лајпциф, а најголем добитник е Тимо Вернер кој двапати беше прецизен за Челси. Краснодар искористи удар од белата точка против Севилја, како и Меси против Динамо Киев.

Се вчитува...