„Никогаш северна“: Комити ќе навиваат од „спроти јужна“

Навивачката група „Комити“ ќе има можност барем за момент да се врати назад на трибините на „Филип Втори“, за градското дерби против Работнички што ќе биде на програмата утре. Во пресрет на тој дуел, навивачите на Вардар преку соопштение на социјалните мрежи објавија дека ќе навиваат на трибината „спроти јужна“, не сакајќи да го користат зборот „северна“ по промената на името на државата.

„ВАЖНО !!!
На натпреварот со Работнички каде формално сме гости, ќе бидеме лоцирани на Трибината СПРОТИ ЈУЖНА. Поради аверзија од фактот дека сме под окупација нема да споменеме која е трибината. Додека се градеше нашиот Запад цела сезона бевме на таа трибина, делот до Западната трибина. Таа трибина од овој натпревар ја преименуваме во “Спроти Јужна” во нашата комуникација, и одлуката стапува на сила првиот натпревар кога Вардар ќе биде домаќин на нашиот Градски (ако се смилуваат душегрижниците некогаш да се вратиме во нашиот дом). Апелираме и ФК Работнички да се приклучи на иницијативата. Воедно да ве информираме дека поради големиот интерес, во Четврток на собир пред натпреварот со Работнички на Фонтана од 13:00ч. ќе има дополнителна серија од новите маички по цена од 300 ден. 
#НикогашСеверна #МнМ #ЦрвеноЦрнаАрмија

Се вчитува...