Фудбалерите на Барселона во неверојатен натпревар славеана домашен терен во малото каталонско дерби против Џирона со 2-1 во меч од 9. коло од новата сезона во Ла лига.
Домаќините поведоа со 1-0 со убавиот погодок на Педри во 13. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Витсел во 20. минута кој со ножички го матираше Шчесни. До крајот на првиот дел и двете екипи имаа сто отстотни шанси, но мируваа мрежите.
Во вториот дел имаше неколку спорни ситуации поради кои се жалеа Каталонците, а во финишот на мечот и Ханси Флик доби директен црвен картон од главниот судија Хесус Хил Манзано. Овој црвен картон значи дека Флик нема да може да ја води Барселона на Ел класико.
Кога сите очекуваа крај на мечот Роналд Араухо на крајот успеа да стрела за 2-1 во 93. минута.
Barcelona 1 – [1] Girona – Axel Witsel great goal 20'
byu/derawon insoccer
Barcelone [2] – 1 Girona – R. Araujo 90+3'
byu/Big-Education-916 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

