Никој како Адеми: Стана најтрофејниот фудбалер во историјата, има повеќе титули од најголемиот ривал на Динамо

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми е најтрофејниот играч на Динамо во историјата со 11 шампионски титули, шест Купа и три национални Суперкупа.

Динамо во неделата го победи Шибеник со 2-0 и ја освои новата титула. Капитенот и предводникот на вчерашниот Динамо Адеми се врати во родниот град, на стадионот каде ги направи првите фудбалски чекори. И сега токму на Шибеник го освои 20. трофеј како играч на загребската екипа.

Михаел Микиќ и Томислав Бутина ја следат иконата на Динамо со 16 освоени трофеи во „синиот“ дрес, а од денешната генерација најблиску му се доближи Амер Гојак кој собра 12 трофеи.

Адеми го надмина и најголемиот ривал на Динамо по бројот на титули. Хајдук има освоено шест шампионски, шест купови и шест супер купови, тоа се 18 големи трофеи.

„Драго ми е што се поклопи вака, да ја прославам мојата омилена титула во мојот роден град Шибеник. Морам да кажам дека Хајдук не турка напред со своите добри игри во последно време. Сè е многу полесно со навивачите кои не бодрат. Имаме уште еден натпревар со Хајдук на Максимир. Сè уште не сме ги освоиле оваа сезона, веруваме дека ќе успееме во последното коло и на вистински начин ќе ја прославиме титулата“, изјави Адеми по освојувањето на титулата.

Се вчитува...