Никој како Душан Влаховиќ

Репрезентативецот на Србија, Душан Влаховиќ на неверојатен начин ја стартуваше својата авантура во Лигата на шампионите. Еден од најдобрите млади фудбалери во светот, 22-годишниот Влаховиќ  беше стрелец за Јувентус во ремито протви Вилјареал во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во елитното натпреварување.

Клучниот момент се случи уште во 30 секунда од натпреварот кога Влаховиќ го постигна својот деби погодок во Лигата на шампионите. Со овој гол Србинот стана фудбалер кој набрзо постигнал дебитанстки гол во елитното натпреварување.

Тој со овој погодок го мина Андреас Мелер, Германецот кој погоди за 37 секунди во поразот на Борусија Дортмунд против Јувентус на 13 септември 1995 година.

Се вчитува...