Никој како Халанд – најдобар голгетер во ЛШ

Ерлинг Халанд е изборот на стручното жири и новинарите ширум Европа за најдобар голгетер во Лигата на Шампионите минатата сезона.

Асот на Борусија Дортмунд имаше извонредна сезона во просек постигнувајќи повеќе од еден гол на натпревар во ЛШ (осум меча, десет гола), со што стигна до наградата и покрај жестоката конкуренција.

Доминацијата на Барселона во женскиот фудбал продолжи откако Џени Хермосо ја доби наградата за најдобра напаѓачка во женска конкуренција.

Се вчитува...