Никој како Клиперс – Седум пати губеле меч за пласман во конференциско финале

ЛА Клиперс вечерва против Денвер Нагетс ја игра мајсторката во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата. Вториот тим од Лос Анџелес има шанса за првпат да се пласира во финалето по конференција во 50 годишната историја на клубот.

Досега Клиперс во историјата седум пати имаа шанса да играат конференциско финале, но клубоут ниту еднаш не успеа во тоа. Веќе 35 години откако тимот премина во ЛА се во сенка на градскиот ривал Лејкерс, а во периодот кога „езерџиите“ беа очајни титулата во дивизијата повторно не премина во Клиперс, бидејќи ја освојуваше Голден Стејт Вориорс. Сите очекуваа градско финале на Западот годинава, но очигледно избраниците на Док Риверс повторно се подготвени да направата од „готово-вересиј“. Во 2015 година тие имаа предност од 3-1 против Хјустон, но на крајот успеаја да изгубат со 4-3. Претходно, во 2006 година Феникс ја доби мајсторката, а истото се случи и во далечната 1976 година.

Првата ѕвезда на тимот Кавај Ленард има 2-2 во седмите натпревари и се надева дека нема да има негативен скор, како и неговиот нов тим.

Се вчитува...