Никој како Мурињо – Португалецот потрошил 1.40 милијарди фунти за засилувања

Легендарниот португалски стратег Жозе Мурињо е на врвот на листата на тренери кои потрошиле најмногу за доведување на фудбалери. Тој во кариерата водејќи ги Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед довел вкупно 97 фудбалери за кои потрошил неверојатни 1.40 милајрди фунти.

На второт место се наоѓа Карло Анчелоти кој во кариерата за засилувања потрошул вкупно 1.11 милијарди фунти. Третото место му припаѓа на Пеп Гвардиола со потрошени нешто повеќе од милијарда фунти. На четвртата позиција на листата се наоѓа Мануел Пелегрини кој, иако не е тренерско име како претходните тројца беше дел од Реал Мадрид кога во тимот пристигна Кристијано Роналдо, како и Манчестер Сити кога на Етихад дојде Кевин де Бруин.
На петтата позиција се наоѓа Масимилијано Алегри.

Се вчитува...