Никој како Никола Митревски – Македонецот е најдобар голман во 13. коло од ЛШ

Никола Митревски повторно блесна на најголемата европска ракометна сцена, откако македонскиот голман беше избран за најдобар чувар на мрежата во 13. коло од Лигата на Шампионите, за своето извонредно издание на гостувањето против Фленсбург.

Токму Митревски беше најзаслужен што Порто избегна пораз ремизирајќи 26-26 со германскиот гигант, па Македонецот заслужено беше избран за голман на колото, во силна конкуренција во елитното европско натпреварување.

Покрај македонскиот голман, во овој идеален тим се најдоа уште и Давид Мандиќ од Загреб, Петар Ненадиќ од Веспрем, Феликс Клар од Монпелје, Харалд Рајнкинд од Кил, Мариус Штајнхаузер од Фленсбург и Мохамед Мамдух од Динамо Букурешт.

Воедно, Митревски се најде и на Топ5 листата од најдобри голмански интервенции во 13. коло од ЛШ. Тој го освои четвртото место, со одбраната со која во последните секунди го запре Менсах Ларсен и се погрижи Порто да не загуби на гостувањето против Фленсбург.

Се вчитува...