Новак Ѓоковиќ лесно и рутински триумфираше над Кецмановиќ за место во осминафиналето на Вимблдон, а српскиот тениски великан воедно постави и нов рекорд што сигурно уште долго нема да биде урнат.
Имено, Ѓоковиќ од вечерва е тенисерот со најмногу освоени сетови „на нула“, без загубен гејм, на гранслем турнирите. Србинот имаше 49 вакви освоени сетови во пресрет на ова издание на Вимблдон, еден помалку од рекордерот Андре Агаси. Сепак, Новак победи со 6-0 во еден од трите сета против Еванс во второто коло, а вечерва беше подобар со максимални 6-0 и од Кецмановиќ, за уште едно неверојатно достигнување.
Зад Агаси на оваа ранг-листа е Рој Емерсон со 47 освоени сета „на нула“, Роџер Федерер имаше 46, а Надал и Конорс по 44, Иван Лендл 42…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА