Никој како Одриозола – Освои тројна круна со Баерн и Ла Лига со Реал

Алваро Одриозола има сезона што ќе се памети. Шпанскиот интернационалец освои четири фантастични трофеи оваа сезона, три со Баерн Минхен и еден со Реал Мадрид. Тој може да се пофали дека застана на врвот на Европа со Бсерн Минхен, а ги прослави пехарите и во Бундес-лигата и во Купот на Германија. Но, исто така го освои шампионскиот трофеј и во Ла Лига со Реал Мадрид.

Одриозола ја стартуваше сезоната како играч на Реал Мадрид, а потоа прифати да замине на едногодишна позајмица на „Алијанц арена“. Не беше многу стандарден, но, сепак, даде придонес во сите натпреварувања и може да се гордее со успесите што ги постигна во сезоната 2019/20.

Се вчитува...