Никој како Ти-Џеј: Шортс е МВП на месецот во Евролигата

Преселбата од Панатинаикос во Валенсија се покажа како перфектен потег на Ти-Џеј Шортс, па македонскиот репрезентативец експресно ги остави зад себе разочарувачките десетина месеци во Атина и потсети на своите најдобри времиња од дресот на Париз.

Тој веднаш се наметна како лидер на Валенсија, шпанскиот тим гази одлично во Евролигата со шест победи и три порази, а Шортс за своите извонредни изданија доби и голема награда – МВП признание за најкористе кошаркар во елитното натпреварување за месец октомври.

Тој имаше просек од 17,1 поени и 5,7 асистенции во изминатиот месец, доволно за да се стигне до наградата што пред повеќе од една година ја освојуваше и како член на Париз.

Се вчитува...