Шпанците урнаа низа рекорди при освојувањето на СП 2026, но еден од најимпресивните сигурно е оној на Алекс Баења, кој освои три големи пехари во периодот од 2024 до 2026 година.
Баења беше дел од шпанската репрезентација на Евро 2024, но истото лето се стави на располагање на националниот тим и за ОИ во Париз, каде Шпанците исто така стигнаа до големиот пехар.
Баења е единствениот од тој олимписки состав што се најде на списокот на Де ла Фуенте за овој мундијал, крилниот офанзивец имаше и значајна улога во голем дел од натпреварите, давајќи значаен придонес во мундијалскиот успех.
Европско првенство, па олимписко злато, за мундијалски пехар на крај… овие три трофеи ги немаше врзано никој во светскиот фудбал, се до Алекс Баења.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
