„Никој не го сака тенисот како Федерер, тој ќе се врати уште посилен“

Седумкратниот граднслем шампион, Матс Виландер, вели дека враќањето на Роџер Федерер покажува колку Швајцарецот навистина го сака тенисот. Федерер не одигра официјален натпревар од Австралија опен минатата година, а на теренот ќе се врати во среда во Доха.

Роџер едноствано живее за тенисот, на овие години е неверојатно да имате толку голема храброст и да се борите против вашето тело.

„Фактот што се враќа на возраст од скоро 40 години ја покажува неверојатната страст што ја има. Никогаш не сум видел некој да го сака тенисот како Роџер Федерер. Надал има љубов кон турнирите, но Федерер живее за оваа игра. Исто така, ова враќање ја покажува храброста на Роџер – тој не се плаши да загуби со 6-1, 6-1 од новодојденец и со тоа да му наштети на неговиот углед. Многумина би помислиле така, но Федерер размислува како да ги реши сопствените проблеми преку континуирани настапи”, изјави Виландер .

Последниот пат кога Роџер мораше да биде долго отсутен, Федерер се врати на феноменален начин, со освојување на титулата на Австралија опен во 2017 година.

„Во тоа прво враќање, тој создаде нов стил на игра за себе. Тој реши да остане на почетната линија, што значи дека прифати да игра помалку со форхенд (затоа што немаше време да се оддалечи од задната страна до форхендот). Тој успеа да го совлада бекхендот со една рака на неверојатен начин, и тоа беше јасна стратегија – да ги скрати размените, да оди напред кон мрежата што е можно почесто и со тоа да го нутрализира нападот на противникот“, вели Матс.

Се вчитува...