Никој не сака да го наследи дресот на Меси: Агуеро го потврди својот број, десетката останува без сопственик

Откако Кун Агуеро се изјасни дека и дефинитивно не го сака бројот на Меси во Барселона, јасно е дека веќе никој не сака да го наследи дресот со број 10, кој повеќе од една декада беше сопственост на Лионел Меси.

Аргентинецот сега е во ПСЖ, но нема доволно храбар фудбалер, кој ќе го земе овој број за следната сезона. Вчера во шпанските медиуми се појавија шпекулации дека клубот му ја понудил десетката на Филипе Кутињо, но Бразилецот веднаш одбил.

Потоа сите мислеа дека можеби Серхио Агуеро ќе биде наследник на овој број со оглед на неговиот квалитет и блискоста со Меси, но Аргентинецот ќе носи дрес со бројот 19 на грбот.

Се вчитува...