Освоија пехар во Дејвис-купот за Хрватска, но се „странци“ за да не плаќаат даноци

Ниеден од четворица тенисери што на Хрватска и ја донесоа титулата во Дејвис Купот – Борна Чориќ, Марин Чилиќ, Иван Додик и Мате Павиќ – нема пријавено живеалиште во својата земја, туку се жители во земји кои се даночен рај за богатите.

Во славата на своите спортски херои, дел од хрватските медиуми го пренесоа и овој интересен факт базиран на податоците објавени на специјализираниот тениски портал teniss.com.

Според овие податоци, Марин Чилиќ е пријавен во Монако, Борна Чориќ живее во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати. А, Иван Додик и најдобриот хрватски тенисер во двојки, Мате Павиќ имаат адреса на живеење во Фрипорт на Бахамите. И никој од нив во Хрватска не плаѓа данок на приход.

Се вчитува...