Никој во германската фудбалска репрезентација нема да носи дрес со бројот 44 поради бизарна причина

Дресот со кој ќе настапи германската фудбалска репрезентација на престојното Европско првенство кое ќе биде одржано ова лето токму во Германија предизвика лавина на реакции на социјалните мрежи по официјалната промоција на компанијата „Адидас“.

Фокусот беше ставен на еден детал – бројот 44 кој со користениот фонт наликува на симболот на „СС“ единицата, главната паравоедна организација под водство на Нацистичката партија и Адолф Хитлер.

По лавината на реакции кои стигнаа и до „Адидас“ од денеска повеќе не можете да нарачате германски дрес со број 44. Оваа бројка воедно нема да ја носи ниту еден фудбалер на престојниот континентален собир.

Се вчитува...