Никола Ѓорѓев на проба во Раперсвил

Македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев е во потрага по нов ангажман во Швајцарија, а во моментот е на тестови во второлигашот Раперсвил – Јона. Тој изминатите шест месеци ги мина во Арау, претходно беше во холандскиот Твенте каде не се снајде најдобро, а се уште е под договор со Грасхоперс. Но, во наредните неколку дена ќе се обиде да избори договор со второлигашот Раперсвил. Ѓорѓев настапи за овој тим на пријателскиот натпревар против Базел.

Никола Ѓорѓев има пет настапи за најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, а беше дел и од младинскиот национален тим кој учествуваше на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска.

Се вчитува...