Никола Ѓорѓев остана без „елита“, Шафхаузен го загуби баражот

Никола Ѓорѓев и неговиот Шафхаузен не успеаја да ја крунисаат добрата сезона со пласман во Првата лига на Швајцарија, откако денеска загубија во баражот од Луцерн со 2-0. По првиот меч беше 2-2, со што Луцерн ќе биде прволигаш, додека тимот на македонскиот интернационалец останува во второлигашката конкуренција.

Тимот на Ѓорѓев цело време беше првопласиран, но го загуби лидерското место по поразот од , и потоа мораше да игра бараж за пласман во „елитата“, по што не успеа да го добие.

Денеска Ѓорѓев играше до 71. минута кога беше заменет. Тој како позајмен од Грасхоперс игра во Шафхаузен, а сега „штурците“ ќе одлучат дали ќе го продадат или ќе го задржат, или, пак, повторно ќе го позајмат.

Се вчитува...