Никола Ѓорѓев потпиша договор со Арау

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Никола Ѓорѓев е нов член на швајцарски Арау. Арау денеска и официјално го претстави трансферот на Македонецот, кој со тимот потпиша двегодишен договор.

Ѓорѓев, кој беше дел од младинската репрезентација која настапи на ЕВРО 2017 година, во Арау доаѓа како слободен играч од Грасхоперс, а изминатата полусезона беше на позајмица во Шафхаузен.

„Среќни сме што го ангажиравме Никола Ѓорѓев, тој е многу опасен офанзивен фудбалер, непредвидлив за секој проитивник и кој може да ја забрза нашата игра. Убеден сум дека ќе даде се од себе за заедно да ги оствариме целите за новата сезона“, изјави спортскиот директор на клубот, Сандро Бурки.

Се вчитува...