Никола Ѓорѓев со гол и асистенција донесе победа за Шафхаузен (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев, вечерва беше најдобар на теренот за својот Шафхаузен во победата над Ивердон од 3-1.

Ѓорѓев најпрво во 20. минута асистираше за првиот гол, а потоа во 55. минута самиот погоди во противничката мрежа за тогаш водство од 3-0.

Ѓорѓев оваа зима како позајмен замина во Шафхаузен од тимот на Цирих. Шафхаузен е на чекор од второто место, кое носи плеј-оф за пласман во најдобрата лига во Швајцарија. За Ѓорѓев ова беше прв гол во дресот на својот нов тим.

Се вчитува...