Никола Ѓоргиев го водеше Инегол до нова победа во турскиот шампионат

Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев, го водеш својот Инегол до триумф над Архави со 3-0 (25-20, 25-23 и 25-16), во заостанат натпревар од 19. коло во турскиот шампионат.

Нашиот интернационалец со 15 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Ахмет Арслан додаде 11. Кај поразените Ридван Салик забележа 10 поени. Инегол во моментов се наоѓа на шестата позиција на табелата во турскиот шампионат и е во одлична серија со пет победи во низа.

По овој меч Ѓоргиев се враќа во Македонија каде што во јануари го очекуваат обврските со националниот тим во квалификациите за Европското првенство, каде што одбојкарите ќе се обидат вторпат по ред да бидат дел од елитата на стариот континент.

Се вчитува...