Никола Ѓоргиев, играч на денот во изборот на ЦЕВ

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Капитенот Никола Ѓоргиев одигра фантастичен натпревар против Белорусија, ја носеше нашата селекција до историскиот прв триумф на ЕП, а во изборот на ЦЕВ го заслужи и признанието „играч на денот“ во групата Ц во Љубљана. Тој имаше 37 поени на мечот против Белорусите и беше прво име во македонскиот национален тим. Од останатите групи епитетот „играч на денот“ го заслужија Атанасиос Протопсалтис (Грција) и Вилфредо Леон (Полска).

 

Се вчитува...