Никола Ѓоргиев: После 10 години за ова ќе се раскажува…Историја

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја оствари првата историска победа на Европското првенство, падна Белорусија со 3-1. Капитенот Никола Ѓоргиев го водеше нашиот национален тим до триумф, потоа замина горе на трибините да ги бакне сопругата и ќеркичката и за ЕКИПА ја даде првата изјава.

„Ова е историја. Прва победа на ЕП за Македонија. Еден од моите најсреќни денови во играчката кариера, заедно со пласманот на ЕВРО 2019. За ова ќе се раскажува после 10 години. Испишавме историја, ова е вистинската Македонија. Овој меч го одигравме како што посакувавме, како што можеме. Е сега дури жалиме за мечот со Финците. Но, и утре против Словенија одиме да се бориме како лавови“, изјави Никола Ѓоргиев за ЕКИПА.

Се вчитува...