Никола Ѓоргиев: Сакам да заплачам, а немам солзи….Голема е МАКЕДОНИЈА!

ЕКИПА во Љубљана, 

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша ЕКИПА по фантастичната победа над Словенија (3-1 во сетови), а тој онака капитенски, и извинете што е малку вулгарно, но веднаш отсечно одговори…

„Ние сме репрезентација со толкави „муда“. И знаев дека ќе се разиграме, дека имаме квалитет, дека можеме да ја победиме Словенија. Ние можеме да играме слабо во празна сала, но кога сме мотивирани, кога има аудиториум, тогаш од нас излегува најдоброто. И драго ми е што покажавме и овде во Љубљана дека голема е МАКЕДОНИЈА. И дека заслужено е на ЕП, и ете можеби ќе ни се посреќи и да одиме во осминафиналето. Срцето ми е полно, сакам да заплачам, а немам солзи“, изјави капитенот Никола Ѓоргиев.

Се вчитува...