Никола Грубиќ е нов ракометар на ГРК Охрид

Никола Грубиќ е нов ракометар на ГРК Охрид. Српскиот интернационалец игра на позицијата десен бек и потпиша двегодишен договор со нашиот клуб, информираат од клубот.

Тој доаѓа по одличните игри во Дубочица и Партизан (Србија) и се очекува да биде одлично засилување за сино-белиот тим.

„Среќен сум што ќе бидам дел од клубот каков што е ГРК Охрид. Благодарам на укажаната доверба, се радувам на новиот предизвик. Нека ни е со среќа и да оствариме што подобар пласман и излез во Европа“, изјави Грубиќ.

Се вчитува...