Никола Илиевски – Џиџи именуван за нов тренер на Ренова

Поранешниот македонски селектор Никола Илиевски-Џиџи денеска официјално е именуван за нов тренер на Ренова, информираа од прволигашот од Џепчиште.

Илиевски доаѓа на тренерската позиција во Ренова по оставката на Јетон Беќири поради лоши резултати. Изминативе три кола „гипсарите“ беа водени од страна на спортскиот менаџмент во клубот и запишаа две победи и реми.

Илиевски претходно во кариерата беше тренер и на Вардар, а последниот тренерски ангажман го имаше во шампионатот на Индонезија.

Се вчитува...