Никола Јакимовски на листата на желби на Аполон Смирнис

Никола Јакимовски, екс фудбалерот на неколку италијански клубови, е пред враќање во Грција во тимот на Аполон Смирнис. Јакимовски во моментов е без ангажман, а последен клуб му беше АЕЛ Лариса. Беше пред ангажман во Италија, но не успеа да најде клуб.

Јакимовски во Аполон оди на препорака на Џанлука Феста, италијанскиот тренер кој е на клупата на овој тим, а Феста соработуваше со Јакимовски толку во Лариса.

Јакимовски во минатото играше за Македонија ЃП, па беше дел од Ференцварош, Јавор, па замина во Нагоја, па повторно во Јагодина, продолжи во Варезе, Комо, Бари, Беневенто, Виченца, па во АЕЛ, се врати во Италија во Трапани, играше за Монополи, па повторно во АЕЛ на почетокот на годинава.

Има три настапи за младинската репрезентација на Македонија.

Се вчитува...