Никола Јакимовски официјално нов член на грчки Аполон

Грчкиот прволигаш Аполон Смирнис, го официјализираше трансферот на поранешниот македонски младински репрезентативец Никола Јакимовски. Практично Јакимовски се врати во Грција, откако во минатото играше за Лариса на два пати. Играше и во италијанските Трапани, Монополи, Виченца, Беневенто, Бари, Комо, Варезе, беше дел и од српска Јагодина и Јавор, играше и во Јапонија за Нагоја, а исто така беше дел и од Ференцварош.

Јакимовски во Македонија играше во Македонија ЃП и Тетекс. Јакимовски беше дел од младите селекции на Македонија, и стигна до репрезентацијата до 21 година. Беше пред вратите и на сениорскиот тим, но никогаш не доби шанса на официјален натпревар да има деби за репрезентацијата.

Се вчитува...