„Никола Јокиќ и Стеф Кари ја променија кошарката“

Прославениот НБА тренер, Џорџ Карл повторно го пофали српскиот интернационалец Никола Јокиќ кој игра епски плеј-оф сезонава.

Kарл е на самиот врв на НБА по бројот на победи со 1.175 победи во 1.999 натпревари на таа позиција. Пред него се само Пет Рајли, Џери Слоун, Лени Вилкенс, Дон Нелсон и секако Грег Попович кој има најмногу победи во историјата на НБА.

Карл во еден дел од кариерата ги водеше Денвер Нагетс (девет сезони), а повторно го коментираше Никола Јокиќ и неговото влијание.

„Стеф Кари и Никола Јокиќ се двајцата играчи кои најмногу ја трансформираа кошарката во последните 15 години. Едниот е плејмејкер кој шутира како никој пред него, а другиот е гигант од 211 центиметри кој ја распределува топката како најдобрите плејмејкери. Пред неколку децении немаше да верувам дека такви играчи ќе постојат во иднина“, напиша Карл.

Се вчитува...