Никола Јокиќ ќе игра за репрезентацијата на Србија летово

Првата ѕвезда на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ ќе игра за српската репрезентација летово . Српските кошаркари ќе играат во квалификациите за пласман на Мундобаскет.

„Орлите“ ќе играат против Швајцарија на 2 јули, а потоа на 5. во Белград против Босна и Херцеговина. Како што објави „Моцарт Спорт“, Душан Алимпијевиќ потврди дека Никола Јокиќ ќе го носи дресот на Србија во овие два споменати натпревари.

„Никола Јокиќ треба да биде во двата прозорци во јули и август. Ништо не беше спорно од првиот момент, тој е човек со кого сум во контакт од првиот момент откако седнав на селекторската позиција. Комуникацијата со тој човек се одвива на наједноставно и најлесно можно ниво, тој навистина живее за репрезентацијата, иако можеби на некои не им изгледало така во некои моменти, тој е човек кој е многу возбуден кога треба да настапи за репрезентацијата. Очекуваме, ако оди се како што е планирано, Јокиќ да биде дел од нашата репрезентација“, изјави Алимпијевиќ. 

Се вчитува...