Никола Карабатиќ во Келн по трета среќа за рекорд во ЛШ

Никола Карабатиќ викендов на Ф4 турнирот од Лигата на шамшпионите во Келн, има шанса во својата богата колекција да додаде уште едно ретко постигнување. Ако ПСЖ во својот трет настап успеаа да стигне до титулата и да го симне Вардар од врвот,  Карабатиќ ќе стане првиот ракометар во 25-годишната историја на ова натпреварување што освоил четири титули во ЛШ со четири различни клуба.

Првата титула во ЛШ, легендарниот француски ракометар ја освои со Монпелје во 2003 година, со Кил триумфира во ЛШ во 2007 година, а единствениот трофеј од Келн го освои со Барселона во 2015 година. Карабатиќ два пати во  претходните две години со ПСЖ имаше шанса да го достигне овој рекорд, но францускиот шампион и во двата обиди не успеа да стигне до подиумот во Келн. Во 2016 година, ПСЖ беше трет на Ф4 турнирот, а лани заврши втор по поразот од Вардар во финалето.

Во полуфиналето на годинашниот Ф4 турнир во Келн (26-27 мај), ПСЖ ќе игра против дебитантот Нант, а Вардар против Монпелје.

Се вчитува...