Доскорешниот кошаркар на Пелистер, Никола Малешевиќ по две години поминати во Битола кариера ја продолжува во хрватската Цибона со која потпиша едногодишен договор. Србинот со тоа повторно ќе боди битки против МЗТ Скопје, но овој пат во АБА првенството.
Крилниот центар претходната сезона беше еден од најдобрите во редовите на Пелситер, предводејќи го тимот во регионалното и домашното првенство. На 13 одиграни средби во АБА2 лигата бележеше просек од 20.4 поени, 6.2 скока и 3.2 асистенции, додека во македонското првенство истиот беше изразен со 16.7 поени, 5.5 скока и 3.0 асистенции.
Малешевиќ е второто клучно заминување од Пелистер ова лето по трансферот на Игор Кесар во романскиот Темишвар. Од тимот заминаа и Ѓуроски и Младеновиќ, а по продолжувањето на договорите со Стајиќ и Младеновски, беа ангажирани Двојаковски, Јовановски, Ристевски и Овенс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА