Никола Манојлов е нов фудбалер на Работнички (ФОТО)

Во пресрет на новата сезона во Првата фудбалска лига, Работнички потпиша професионален договор со младиот талентиран офанзивец Никола Манојлов. 16-годишникот во летните подготовки се наметна кај тренерот Љупчо Марковски и се очекува да игра значајна улога во тимот во новата сезона.

Задоволство од вербата на Работнички не ја криеше ниту младиот фудбалер кој вели дека ќе даде се од себе за успешната сезона со „романтичарите“.

„Чест ми е што потпишав договор со Работнички. Верувам дека со напорна работа ќе се наметнам кај тренерот Љупчо Марковски и се надевам дека ќе дадам свој придонес во една успешна сезона за тимот“, вели Никола Манојлов.

Се вчитува...