Никола Маркоски: Не се оптоваруваме со Норвежаните, тие нека мислат за нас!

arbervil baner

Никола Маркоски навлегува во извонреден ритам на Мундијалот во Франција, демонстрирајќи одлични партии на последните два натпревари против Шпанија и против Исланд.

Заедно со Стоилов, одлично се надополнуваат на линијата на шест метри па Маркоски сето тоа го заокружи и со шест погодоци на последните два дуели. Сега, по преселбата на националниот тим во Албервил, македонскиот репрезентативец вели дека не сака воопшто да се оптоварува околу Норвежаните, но како и досега посакува нашата селекција целосно да биде фокусирана само на својата игра и сопствените можности…

„А, зошто да се оптоваруваме со Норвежаните? Па, тие нека мислат на нас… Им ја препуштаме фаворитската улога и, како и досега, единствено се концентрираме на тоа што ние го знаеме и умееме. Мора да останеме фокусирани само на нашата игра. Верувам дека се ќе зависи само од нас. На претходните натпревари покажавме дека може да бидеме сосема рамноправни и со најдобрите светски репрезентации. Сега, сето она што го сработивме досега треба да го потврдиме и на дуелот против Норвешка. Јасно е дека нема што да загубиме, а Македонија може да запише историја за ракометот и за спортот во нашата земја воопшто“ – вели Маркоски.

Се вчитува...