Никола Маркоски потпиша за Работник

Работник е еден од најактивните клубови на почетокот од овој преоден рок, откако амбициозниот битолски суперлигаш успеа да договори уште еден трансфер, овојпат со македонски репрезентативец.

Нов член на „фармацевтите“ од Битола од денеска е Никола Маркоски, кој потпиша едногодишен договор со Работник, со можност за продолжување на соработката.

„Македонскиот репрезентативец Никола Марковски од денес е нов член на РК Еурофарм Работник. Кружниот напаѓач се договори со управата на битолскиот клуб и ќе ја засили екипата која ќе ја репрезентира нашата земја во Европа“ – објави битолскиот клуб на својата официјална веб-страница.

Марковки, кој со години наназад е македонски репрезентативец, во нашата земја го носеше дресот на Вардар, Металург, Зомимак и Работнички, а ланската сезона настапуваше за унгарскиот прволигаш Орошази.

Се вчитува...