Никола Миротиќ е МВП на Евролигата (ВИДЕО)

Никола Миротиќ е најкорисниот играч на Евролигата. Крилниот центар на Барселона оваа сезона забележа просек од 16.6 поени со реализација од 65.6 отсто за два и 45.5 за три. Згора на тоа додаде и 5.1 скок и 1.2 асистенции по натпревар.

Шпанецот со црногорско потекло во Евролигата се врати во 2019 година и оттогаш се наметна како еден од најдобрите играчи на „стариот континент“.

„Големо задоволство е што ја освоив наградата. Му благодарам на тимот, на стручниот штаб и играчите. Ова е тимска игра и пред неколку недели Ник Калатес ми кажа да се потсетам на него доколку ја освојам наградата. Ти благодарам Ник, ти ми го олеснуваш животот на теренот. Ти си одличен соиграч и пријател. Благодарност и до личниот тренер Јадран Вујачиќ кој ме поттикна да стигнам до ова ниво. Тој веруваше во мене повеќе отколку што јас верував во себе“, изјави Миротиќ.

Предводникот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас пак ја освои наградата за најдобар тренер на сезоната откако со грчките „црвено-белите“ стигна до завршницата на најсилното европско кошаркарско првенство која ќе ја одржи во Белград од 19. до 21. мај.

Се вчитува...