Никола Митревски е спортист на Битола за 2019 година (ФОТО)

Голманот на македонската ракометна репрезентација и на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски е прогласен за најдобар спортист во Битола за минатата 2019 година. На 55-то издание на манифестацијата која е во организација на Сојузот на спортови на Битола и на општината Битола, репрезентативнциот чувар на мрежата заслужено го понесе признанието најдобар во родниот град.

„Сите награди се значајни, но наградата добиена од своите е најдрага бидејќи е дома. Се надевам дека јас и моите колеги од Еурофарм Пелистер, а секако и овие кои се тука наградени ќе бидат мотивација и пример за други идни спортисти“ – рече Митревски на доделувањето на признанијата.

Еурофарм Пелистер е избран за најдобра екипа додека стрелачката Оливера Наковска-Бикова која ќе ја претставува Македонија на Летните параолимписки игри во Токио доби посебно признание.

 

Се вчитува...